Европската Комисија се договори со Apple, Simon & Schuster, HarperCollins, Hachette Livre и Verlagsgruppe Georg von Holtzbrinck, околу истрагата на Европската комисија за договарање на цените на е-книгите. Дел од мерките на кои се обврзаа издавачите е отстранување на агенциските модели и исфрлање на клаузулата за „најповластена-нација“ во период од две години. Издавачите ќе можат да понудат попусти кои ќе бидат еднакви на провизијата кои ги добива издавачот во период од една година.
Најјпроблематичен дел на договорот е ставката „most-favored-nation“ која Apple ја имал со четирите издавачи. „Клаузулата за малопродажната цена ‘најповластена нација’ (MFN) значи дека договорениот продавач/агент има право да понуди пониска цена за одредена е-книга од друг продавач, без оглед на тоа дали таа работи со трговија на големо или агенциски модел.“, стои во договорот, што според Европската Комисија доведува до истиснување на помалите издавачи од пазарот, бидејќи издавачите можат да ги истиснат со намалување на профитот.
Комисијата за заштита од монопол на крајот на 2011 започна да ја испитува работата на Apple и четири други издавачи, поради сомневање за здружување и манипулирање со пазарот на електронски книги. Тогашната најава беше за максимална казна од 10 отсто од вкупната заработка поради монопол на пазарот.
Очекувањата се дека од ова решение најмногу ќе профитира Amazon кој во следните две години, ќе може да понуди попусти на е-книгите. Иако ова значи крај на процесот против Apple и издавачите во Европа, тужбата против нив за манипулација со пазарот сè уште е активна во САД.
The post ЕУ ја прифати спогодбата на Аpple и издавачите на е-книги appeared first on IT.mk.